Груевски го врати ВМРО во 1990 година

Знаменосците кои го вејат партискиот бајрак, на протестите пред ДИК и пред општинските штабови на победничката партија, се истите оние од 1990 година. Оние, на кои војводата Љупчо случајно налетуваше по градските биртии и плоштади и од кои ги правеше раководствата по општините и централата! Ова е по негово, лично, признание!

Тоа се истите оние од Заштитните комитети (преките партиски судови!) од Охрид, оние кои ги завземаа институциите – од МРТВ до Собранието. Еден од нив доби најповеќе гласови кога го формиравме ЦК, се мајтапи, денес на своја сметка освестениот Војвода.

Истите тие, сега се само подзасилени со четата на Филип Петровски, облечена во црни долами и со симболот – ќосето! Надополнети и со крстоностката (педагог-наставничка!!!) од Битола, со Војводата Амди Бајрам на кому пред ДИК му аплаудираа за “хуманата” порака: На Заев многу блиску ќе му биде погребот..ќе му палиме свеќи на гробишта!!!!!!!

Да му посакуваш смрт на другиот, е исто како да си испил чаша отров и да очекуваш, тој другиот, наместо тебе да замине на другиот свет! Ама, ако лидерот се повикува на ножот на Ќосето, сосема е логично, веднаш, да се надоврзе во “јуначењето” јаничарката Валентина, која после се што издроби за Никола ( дури и становите му ги откри!), сега мора да одработува и дење и ноќе!

Филип Петровски да не го видел некој после Бејли!?, прашува деновиве еден фејсбук-френд. Секако, мисли на “филипиките” (пo угледот на острите говори на демостен против Филип Втори), прозивките кон “еден амбасадор”, од страна на, замислете директорот на Државниот архив, кој во соопштението на ВМРО ДПМНЕ е сведен на “некој поединец!”.

Еве го цитатот од ноќното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: “нема дилема околу членството во НАТО, ЕУ и односите со САД, а најдобар доказ за тоа е потпишаната декларација за стратешко партнерство, но дека тоа незначи дека некој поединци, партијата или дражавата неможе да изрази некое несогласување со некои чекори на поединци кои ги преставуваат САД”.

Доцна стигнавме, пријателе Јанко, на Косово!?

Мојот драг пријател Јанко Бачев,на својата ФБ страница, го објавува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од средбата Груевски – Бејли. Соодветно, Јанко дава и свој коментар: “За првпат во 25 годишната историја на еден американски амбасадор фактички му е кажано да си ја гледа работата и не да се меша во избор на домашната влада. По ова, се чини дека нема враќање: или Бејли со инагурацијата на Трамп ќе лета од Македонија или Груевски лета од премиерската функција/политиката. Трето нема!”

Драг пријателе Јанко, политиката е за “големи чичковци”, напиша деновиве професорот Шукаров.

Ниту “фактички” му е кажано на Бејли, онака како што е напишано во соопштението (тоа е еднострано, не е заедничко, значи – наменето e за членството!), ниту Бејли, “со инагурацијата на Трамп ќе лета од Македонија” (за Груевски не сум сигурен!?), ниту САД ја менуваат политиката (како нас) на секои 24 часа, ниту Трамп знае каде е Македонија, ниту Македонците се првенствениот интерес за САД (визави другата “процентуална” популација – знаеш што сакам да ти кажам!),ниту од Македонија ќе остане нешто-во оној момент, кога ќе не тратат, зашто веќе преку глава им се качивме, односно кога ќе престанат “да се мешаат” во нашите внатрешни работи!

Секако, дека се согласувам со тебе – владата е внатрешно прашање и ќе ја составуваме ние, односно “победниците”.Но сега, прашањето е – што после победата и кои се “победниците”!?
Односно, старата флоскула:”до победата и после неа”!?
Или уште подраматично: “победата како последен пораз”!?

Подеднакво сум амеро-фил, колку што не сум русо-фоб! Но, политиката не само што е за “големи чичковци”, туку е и уметност на можното. Коj верува нека провери зошто, покрај драгиот Орбан, Хрватката од Сељачка странка, и секако нашиот Прецедател, се огласи само уште руското МНР – во прилог на брзото прогласување победник и брзото ковање влада!?

Па сепак, материјалот за доизградбата на покривот на заедничката македонско- албанска куќа, го сакале ние тоа или не, ќе се купува од Вашингтон, а не од Москва! Затоа што се околу нас е НАТО, затоа што додека Филип прави мајтапи, косовските Албанци градат булевари со имињата на американските претседатели, затоа што за македонските и за сите Албанци Вашингтон е поголема мека и од самата Мека, затоа што она што албанските лидери не сакаат да го прифатат овде на Калето, ќе го прифатат во Тирана-пред Еди Рама. За добро,или за лошо-тоа е реалноста. Ама, заш, тоа не добро-би рекле моите охригани! Заш така требит, така морат!!!!

Угоре високо-удолу длабоко!

Целиот текст на Веле Митановски прочитајте го овде Истокпрес