Груевски го обвини Заев дека лажел два милиони граѓани

 

,,Во недела следи уште една голема референдумска победа, победа за Република Македонија, сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе се е јасно и не може да се справи со народот кој знае да расудува, народ кој знае да каже „НЕ“ на сценариото на Заев. Сега веќе е јасно и сите знаеме дека тој си направил договор и го потценил својот народ само за да дојде на власт, но народот се освести, народот веќе знае да процени кое е сценариото на Заев. А тоа е дека тој сака да ја промени уставноста, јазикот и државата,,- изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски  од Делчево.

-,,Тој ги лажеше два милиони граѓани дека има фантомски гласачи во Македонија, тој со тоа сценарио го потцени својот народ и народот ќе го казни на 11 декември. Овој народ е свесен за важноста на својата држава и не може некој како Зоран Заев да ја лаже целата држава. Сакам да порачам на сите кои ќе излезат на гласање да си го постават прашањето дали може народот да му верува на тој, дали може тој да ја води нивната држава, затоа секој кој планира да гласа за Заев само нека помисли дали може на тој човек да му се потпре и да му верува. Овој народ нема да излезе на изборите со гнев и омраза, тој ќе излезе со гордост и делчевци не можат да поддржат човек кој е трчи-лажи, човек кој се договара со секој за нивната држава. Секој кој сака да гласа за СДСМ нека се потсети како владееја тие во нивното време, каков беше животот во тоа време. Оние кои што се уште размислуваат дали да гласаат за нив нека се потсетат како било во нивното време, дали донесоа една инвестиција во државата, дали инвестираа во економијата, што се случуваше со фабриките, што се случуваше со вработените граѓани и мора да се потсетиме на тоа време за да знаеме какво било нивното време,,-рече Груевски.