Груевски доби покани да дојде на баклава откако честиташе Рамазан Бајрам

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, сега почесен претседател на партијата и бегалец, Никола Груевски, ја користи секоја прилика да го привлече вниманието на македонската јавност и постојано постира пораки со разна содржина.

Вчера дури им честиташе Рамазан Бајрам на муслиманските верници.

Некои од нив кои имаат пристап на неговиот ФБ профил, му се заблагодарија и шеговито го поканија на баклава.

Се само некои од коментарите, а некои пак порачуваат дека Фатиме Фетаи лично ќе го почести баклава.

Никола Груевски повеќе од половина година е во бегство во Будимпешта и ужива азил што му го овозможи унгарската Влада на чело со премиерот Виктор Орбан.

Во Македонија го чека казна затвор од две години и неколку судски процеси кои се во тек.

Фото: Архива, Груевски во џамија со Амди Бајрам