Груевски доби 30 дена притвор и за случајот ,,Титаник“

 

На денешното рочиште за случајот ,,Титаник”, судот на барање на СЈО, на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство, му одреди мерка притвор од 30 денови.

Ова е втор притвор за Груевски во отсуство.

Пред 7 дена судот изрече притвор и за случајот ,,Талир“.

Денешното судење за предметот ,,Тврдина“, започна со задоцнување од 53 минути, според набљудувачите на здру\ението ,,Зелена лупа“,  поради доцнењето со спроведувањето на обвинетите Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски од истражниот затвор.

Инаку, во образложението на судот за новиот притвор на Груевски се вели:

,,Iмајќи го во предвид барањето на јавниот обвинител ,поднесено на 23.11.2018 за определување мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, како и известувањето на Претседателот на Собранието на Република Македонија поднесено на 27.11.2018, по советување и гласање Судечкиот совет, по член 365 став 3 , а во врска со член 165 став 1.4 од ЗКП , НА ОБВИНЕТИОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ МУ  ОДРЕДУВА МЕРКА ПРИТВОР ВО ТРАЕЊЕ ОД 30 ДЕНА,И ИСТАТА СТАПУВА НА СИЛА ОД ДЕНОТ НА НЕГОВОТО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА“-стои во објавата на судот.