Груевски дојде на своето работно место во Парламент

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски конечно се појави на своето работно место како пратеник во Собрание на РМ. Тој седи веднаш до Илија Димовски, на крајот од редот. Интересно, на ова шесто продолжение е тоа што Димовски кој речиси без исклучок на секоја реплика или контрареплика излегуваше на говорница, сега седи и зборува од место.

Можеби е нова тактика, а можеби му е малку незгодно постојано да го крева неговиот лидер од  местото на седење.

Инаку, во Собрание продолжува така наречената конститутивна седница на македонскиот Парламент, но всушност нема ништо ново, туку продолжува узурпацијата на говорницата од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои говорат, реплицираат и си самореплицираат.