Груевски: Заев нема да биде ниту премиер, ниту градоначалник

 

,,Заев вели дека се збогатил во време на ВМРО-ДПМНЕ и многумина помислија дека тоа е поради добрите услови кои ги воспоставивме и се создаде добра бизнис клима. Но не, тој се збогати кога стана градоначалник. Стана милионер откако стана градоначалник. Заев не само што нема да стане премиер на Македонија, туку по локалните избори во мај, нема ни да биде градоначалник на Струмица,,-рече на митингот во  Крива Паланка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски.

Додаде дека во изминативе 11,5 години откако што е градоначалник на Струмица, се видело како тој практицира политика.

,,Треба да се знае дека тој со себе носи цел пакет, Вицето и неговиот начин на работа и управување. Како работи во Струмица така ќе работи и на ниво на Македонија. Ако бизнисмените во Струмица давале рекет, тоа ќе го бара и од бизнисмените на ниво на Македонија. 1 евро за државата и 1 евро за Вицето,,- рече Груевски.

Струмичани, додаде Груевски, се подготвуваат да го тргнат од градоначалник во Струмица, разочарани од него, а тој сака да стане премиер на Македонија. Таков човек не заслужува да ги води ниту Струмица, ниту Македонија-рече Груевски.