Груевски изврши увид на наплатна рампа

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски изврши увид во првата електронска патарина во земјава. Првиот човек на партијата се надева дека новата влада нема да го стопира овој проект кој значително ќе ја намали гужвата на кумановските патарини–се вели во соопштението на оваа партија.

,,Претседателот на партијата прошета низ кумановската чаршија каде оствари средба со граѓаните од Куманово кои посочија на големиот проблем што го имаат со урбаната мафија, која како што велат, со години владее со градот.

Кумановските пензионери побараа од Груевски да не дозволи да се укинат придобивките за пензионерите, а помладите, да се вложува повеќе во развојот на градот со отворање нови бизниси и нови работни места  пред се, за младите. Се пожалија на урбаниот и сообраќаен хаос, и редици други проблеми од реалниот живот. Ние ќе понудиме решенија на следните локални избори кои ќе значат решавање на проблемите на кумановчани затоа што заслужуваат подобро, додаде Груевски“-стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.