Груевски: Имам одговорност, но за тоа ќе се дискутира по завршување на изборите

,,Првиот круг од локалните избори помина во недемократски услови. Од официјални државни органи имаше закани врз нашите градоначалници. Полицијата беше главниот заштитник на овие закани и притисоци.

Продолжи и црната кампања, а секој ден имаше кривични пријави кон наши градоначалници. Денешниот ден помина во нефер атмосфера. Имаше гласачки ливчиња од други општини. Имаше обид за кражба на гласови. За првпат полициски возила кружеа со активисти на СДСМ. За сите нерегуларности ќе поднесеме претставки. Изборите не се завршени, а по завршувањето ќе следи анализа за сите лоши резултати. Јас како претседател на партијата секако дека имам највисока одговорност. За сето тоа ќе се дискутира веднаш по завршување на изборите“-рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски..