Груевски: Интернетот пенетрира, затоа субвенции за весниците

 

-За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обзир на тоа што интернетот пенетрира, порталите се повеќе добиваат на тежина и значење, весниците се потешко преживуваат. По теркот на истото во Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците за да опстанат. Владата од 2018-та година ќе воведе субвенционирање на весниците по еден правичен критериум кој дополнително ќе биде објавен, рече Груевски на митингот во Кичево.

Тоа ќе го направи владата која, како што нагласи Груевски, “некој ја нарекува недемократска и дека, не знам, ги гушела медиумите“.

-Оваа влада ќе им помогне на весниците да опстанат во време во кое што таму каде немаат поддршка од државата, се потешко опстануваат, рече Груевски.