Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ , Никола Груевски и Али Ахмети денеска остварија средба на која што акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни, фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.

Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојните предизвици на тој план-гласи кусото соопштение од Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.

Нема други детали околу евентуално преговарање за состав на нова Влада. Во меѓувреме пристигнуваат спорадични информации од функционери на партиите кои ги кажуваат ставовите на своите партии за позициите во преговорите.

Антонијо Милошоски порача дека неговата партија нема намера да отстапи од позициите за СЈО. Нив денеска ги бетонираше и Трајко Велјановски кој на прес конференција коментирајќи го откажувањето на СЈО од обвинение за ,,Пуч,, рече дека тие се приврзок на СДСМ/Сорос и дека со оваа одлука само го потврдиле нивниот став дека нема шанси да поддржат продолжување на мандататот на СЈО.

Во ДУИ пак, освен кај Ахмети, преовладува негативниот став за коалиција со Груевски.

АКО.мк