Груевски му се израдува и на новиот објект на Македонска филхармонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска го посети целосно завршениот објект на Македонската филхармонија кој е еден од најкапиталните проекти за Македонија, за Скопје како и за самите музичари и публиката-извести партијата ВМРО ДПМНЕ. Проектот е во вредност од 37 милиони евра , а опремен е со најсовремена акустика, звучна изолација, како и капацитет од 1000 седишта.

,,Можам да кажам дека бев импресиониран од она што го видов, но и од она што го чув од самите музичари, светски познатиот деригент кој што е дојден и веќе ги врши своите проби за утрешниот концерт, како и од нашиот исто така светски познат Симон Трпчевски, а двајцата ме иформираа дека се работи за високо професионално направена сала за Филхармонија пред се од стручен апспект, од аспект на звукот и акустиката. Се работи за целосно функционален објект во износ од 37 милиони евра, односно приближно на градбата на Македонскиот народен театар кој што беше 36 милиони евра и тоа се два капитални проекти кои ги започнавме во 2007-та а веќе од 2009-та започна градбата“, изјави Груевски.

,,Компанијата која што го градеше завршила одлична работа и видов навистина насмевка и среќа кај музичарите кои што досега беа кираџии  во други несоодветни објекти. Се надевам дека и утре вечер првите 1000 луѓе што ќе влезат ќе бидат среќни и задоволни и ќе биде еден од проектите со кој што ќе се гордеат нашите граѓани“-рече тој.

Груевски доби и плакета за особен придонес во културата и уметноста од страна на вработените во филхармонијата.