Екипа на ТВ21 го ,,улови” претседателот на ВМРО ДПМНЕ во вечерна прошетка со децата и сопругата Боркица во градскиот парк. Прилогот на телевизијата правен за забавна рубрика го прикажа Груевски во безгрижна прошетка.
Сепак, забележителна е загриженоста на сопругата Боркица или нерасположеноста и секако, радоста на двете нивни ќерки.

Но, група млади кои беа активни на протестите на Шарена револуција на своите ФБ профили пишуваат дека го ,,избркале,, Груевски од паркот пеејќи му го слоганот од протестите ,,Шутка не ти бега Никола”
Тие информираат дека неговото обезбедување ги одалечило од семејството Груевски со образложение дека децата се со него и не е во ред тоа да го слушаат.

Ако.мк, тв21