Груевски: Нема да се заборави плачот на децата на Дурловски, на Жаклина , на Крсто…

Ова е последниот час кога ќе треба да се реагира, да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна, ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава, рече на денешната прес конференција, Никола Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО ДПМНЕ ја води таа битка за правдината и битка за татковината, ние ќе биде на чело на таа битка со идеја и чест и со име, таа битка ќе биде тешка и долга, но таа битка ќе се добие. Таа мора да резултира со победа, ние ќе бидеме гласот и во ова време невреме, оние кои чувствуваат страв и во изобилство го сервира оваа ненародна власт на Заев. Ние ќе бидеме на браникот на татковината, да ги браниме слободата и патриотизмот на народот, секаде со народот тоа е нашата максима, на улиците, по домовите секаде каде што треба. Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на овој политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и иживувањата кои го прави СДС, истакна Груевски.

Тој рече дека тие бараат итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој политички прогон и сите лица кои се прогонувани од оваа власт и тие треба да знаат дека тркалото се врти и одговорност за сите прекршувања на законот ќе има, колку и да се чувствуваат сега безбедно и сигурно.

-Заев и СДСМ брутално удираат кон тие кои што мислат и делуваат македонски. Ова е последниот чин на пресметка на последниот слободномислечки Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата, против Тиранската платформа, против насилието на власта, против секој кој мисли македонски и се грижи за националните интереси, рече Груевски.

Груевски рече дека во прашање е државатаз:

,,Ова не е правда, веќе законите и уставот не важат, ова е заробена држава, погледнете денес не е тема што секоја втора вечер имаме убиство, насилие, грабежи, рекетари, тема се луѓето кои беа на страната на државата, а ова се прави за да се отвори пат за промена на име, идентитет, јазик, неуставна двојазичност, историја.

-Во исто време во исти ден кога се разговара во Влада за законот за амнестија за над 1.000 затвореници сторители на тешки кривични дела, за тероризам се обвинуваат оперски пејач татко на три деца, актер, татко на три деца, режисер татко на две деца, доктор татко на три малолетни деца, архитекти и други. Нема ниту закони, нема ниту правила, како во дивиот запад се елиминира секој кој слободно размислува за државата, ова е елиминација на слободната мисла, ова е збришување и пресметка на сите кои ја сакаат оваа земја и додека трае сето ова се пуштаат убијците на децата кај Смилковското езеро и се пуштаат на слобода криминалци“, изјави Груевски.

Праша за што треба да одговараат оперскиот пејач, актерот, архитектот, дали за тероризам?

,,Нивната минимална казна е 10 години затвор, за тие кои се спротиставија на Тиранската платформа со која се носи неуставна двојазичност, промена на унитарниот карактер на државата и влезот на граѓаните беше реакција на акцијата на СДСМ и Заев насилно да го изберат Талат Џафери со цел ја спорведат својата Тиранска платформа.

-Имаме процес над луѓе кои си ја сакаат својата земја, само затоа што гласно кажаа не на оваа хунта на власт, нема да се заборави на плачот на децата на Дурловски, на Жаклина, на Сашо, на децата на Крсто, на децата на сите оние кои урово Бруталоно ги апсеа пред нивните деца додека тие плачеа. Се прашувате зошто Дурловски од Миланската сала денес е со лисици на рацете, зошто Дамовски еден креативен човек и режисер го изнесуваа со комбе полицајци, зошто доктор Сашо е прогонуван исто како и др Љубен и Жаклина и Крсто и многу други кои поминуваат низ голгота затоа што си ја сакаат земјата. Ова е последниот час кога ќе треба да се изреагира, да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава“, рече Груевски.