Груевски нема намера да поднесе оставка, за најголем противник ги посочи ,,ес-де-ес бригадите“ во МВР

На овие избори ВМРО ДПМНЕ се соочи со двоен противник. СДСМ-која лесно ќе ја победиме, но најголемиот наш противник беше полицијата и раководителите на целокупниот државен апарат, кои вршеа брутален притисок да се гласа за СДСМ. Еден дел од полицајците прифатија да одработат партиски. Полицијата стана класична ес-ес бригада на Заев и коалицијата, -рече Груевски и најави дека во иднина ќе се анализира што е постигнато, а што не во претходниот период.

Тој рече дека ги знаат сите партиски полицајци, евидентирани се и кога ќе се вратат на власт ќе се соочат со ВМРО ДПМНЕ-рече Груевски.