Груевски неоправдано отсутен, конгресот на ЕПП на Малта почнува утре

Никола Груевски претседател на ВМРО ДПМНЕ е неоправдано отсутен од своето работно место како пратеник. Тој два дена пред почетокот на конгресот на Европските народни партии на Малта, отпатува преку Истанбул уште вчера, каде што спротивно сите важечки правила на дипломатијата беше пречекан од амбасадорот на РМ во Турција . Тоа само покажува дека Груевски е сива еминенција во Македонија, човек кој се уште раководи со Влада на РМ иако формално технички премиер е Емил Димитриев.

Токму Димитриев, а не Груевски е планиран на когресот во Малта:

Ако се погледно листингот на гости и учесници, ќе се види дека стои името на Димитриев, што е вообичаено бидејќи на конгресот на ЕПП речиси без исклучок се обраќаат актуелни државни функционери од Народните партии во Европа.

Интересно ќе биде да се види дали Груевски утре и задутре во Малта ќе се сретне со Ангела Меркел, Доналд Туск, Жан Клод Јункер и Бојко Борисов, кој патем победи на последните парламентарни избори и сега треба да формира Влада. И секако како тие ќе реагираат, посебно Борисов кој неодамна изјави дека ги избегнува местата каде се појавува Груевски, бидејќи му се непријатни средбите со него по се што излезе во јавноста околу неговите криминални активности.

АКО.мк