Груевски пак се крсти во народот

 

 

 

,,Против Заев и на неговите ментори во Македонија се случи нешто слично како во изборите во САД, ако погледнете има многу сличности во сето ова што и таму се случува,, -рече лидерот на ВМРО дпмне Никола Груевски на промоцијата на кандидатите за пратеници, праевејќи паралела на претседатеслките избори во САД и тука..

Тој смета дека против Заев се случило движење на тивкото мнозинство, а тоа се мнозинството луѓе кои останале да ги поддржуваат и покрај целата црна кампања против нив, кои, според Груевски не подлегнале  на провокациите да има крв како што замислиле тие, туку молчеле, трпеливо и мудро, вели Груевски.

,,Против Заев се случи НАРОД!,,- рече тој и продолжи:

,,Кога ќе се сетам наназад низ што се поминавме заедно со вас, како некогаш неизвесноста ни стоеше над глава, како ги слушавме оние деструктивци од опозицијата како се силат наоколу до секој граѓанин без разлика дали е наш подржувач или не, се закануваат, со гнев и омраза поттикнуваат напади по улици, кршења, палења, сквернавења на објекти, нарачуваа лични линчови, навистина човек да се запраша како издржавме до тука.

И кога ќе се обидам да најдам еден збор што ќе ја опише нашата цврстина, нашата волја, убеденост, поттик, мотив да истраеме во сиот овој изминат период, тој збор е сепак е тука пред нас. И секој го знае тој збор се вика – НАРОД!

Додека тие манипулираа наоколу со своите сценарија и со платени протестирачи, сега ги нарекуваат во Америка професионални протестанти, кои земаат дебели хонорари да го прават тоа што го прават, и тоа во нашиот случај најчесто странски пари, ние се потпиравме на волјата и на поддршката на мнозинството од народот, кој морам да кажам честопати беше доведуван во недоумица, во дилеми и во сомнежи, изложен на страшната пропаганда и напади кои ги трпевме.

Сакаа да не направат монструми. Но народот го виде тоа. Народот го препозна тоа.

 

Тој народ на овие избори ќе донесе огромна победа за нашата коалиција, и ќе покаже дека тој народ е газда во оваа држава. Ако порано било потешко, во Илинденско или Партизанско време, овој пат тоа ќе се направи со пенкалото на изборниот ден.

Народот ќе им го даде својот одговор на сите оние кои го потценуваа.

Со вокабуларот на Заев јас ќе кажам, СЕГА МУ Е МАЈКАТА да биде поразен Заев и се она што тој и го направи на Македонија во изминатиот период. СЕГА МУ Е МАЈКАТА !!!

Овие избори ќе бидат поразлични и по една друга работа, јас ќе бидам во 4-тата изборна единица. Едноставно, дојде време Заев откако не се кандидираше на листите во 2014-та, и откако како кандидат за премиер не дојде да се кандидира во ИЕ 1 во главниот град на државата, каде што традиционално јас се кандидирам, јас да отидам во ИЕ која тој ја избра. После се што се случи, потребно е да му се даде можност на народот да одлучи за премиер меѓу мене и него, и на целата територија во Македонија, но и во 4-тата ИЕ. Каде лично и двајцата како индивидуи ќе ја побараме поддршката на граѓаните. Време е заедно со народот, да го соочам со реалноста и да го победам, поточно заедно со народот да го победиме и да претрпи директен пораз во изборна единица која тој самиот ја избра, и каде најверојатно се чуствува најкомотен, и во градот каде е градоначалник, да види на свој терен, во својата околина што мисли народот за него, да види што мисли народот за сите негови лаги кои ги искажа за мене, а не да ми пушта во изборната единица 1, луѓе кои ги мести да изгубат од мене, за да не му бидат конкуренција после изборите во трката за избор на иден претседател на СДСМ. Да види Заев дали му проаѓаат приказните и манипулациите кои ги конструираше за мене, и да види што за него мислат не само од цела Македонија, туку и од регионот во кој тој живее.

Да види дека никој не му се плаши туку напротив, ако тој се уплаши и избега, како што беше ред да дојде ако е кандидат за премиер да се соочиме двајцата пред граѓаните во единицата, во главниот град, сега јас ќе одам онаму каде што тој одбра дека за него е најдобро да бара поддршка. Така во 4-ката граѓаните освен што ќе избираат директно носители меѓу мене и него, како и во другите ИЕ ќе бираат директно и кандидати и кандидат за Премиер.

Нема да го оставам да земе воздух на терен, и овие избори заради неговиот пораз во 4-ката и во Струмица кој е извесно дека ќе се случи затоа што народот таму најдобро го познава, ќе биде пресуден за неговата политичка кариера. Заедно со мнозинството народ и особено со граѓаните од тој регион не само што ќе покажеме каков е одговорот на овој слободоумен народ кој некој сака на нечесен начин и со надворешна помош да дојде на власт, туку ќе испратиме порака и до многумина други, дека тоа што го наумиле, не може така да помине кај овој народ, кај овие луѓе, кај оваа генерација Македонци.Кај оваа генерација граѓани на Република Македонија,,-рече Груевски обраќајќи се на конвенцијата за претставување на кандидатите за пратеници.

фото-а1он