Груевски повторно бара 63 пратеници

На народен собир со партсики знамиња на ВМРО ДПМНЕ и со говор од 70- ина минути лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски им се обрати на присутните на собирот во спортската сала со зборовите-Аирлија избори, победуваме!

Тој повторно, како пред две години, побара 63 пратеници, бидејќи само така,според него, со стабилно мнозинство ќе можат да ја извлечат државата од долгата политичка криза.

Во негов стил, рече, дека е дојден крајот на заевци и верушевци и дека е врееме за крај на кризата.

Дојде времето за избори и да го слушнат гласот на народот, кој долго време го игнорираа и потсмеваа рече Груевски.

Откако ја доведоа државата до невидена криза и меѓуетничка криза, сакаа да дојдат на власт без поддршка на народот и на сила. Според Груевски трпението на овој народ е неговата најсилна доблест.

,, Никој друг не може да крои и прекројува по туѓи интереси, овде одлучува народот и тој најдобро знае кој треба да ги застапува. Тоа што се обидуваа да го направат е да не тргнат од темата која не тишти секојдневно-економијата”, рече Груевски во обраќањето пред полната спортска сала.

Овие избори ќе бидат референдум против она што опозицијата го правеше, за враќање на позитивните теми. Тие избори ќе бидат референдум за Македонија каква што ја сакаме сите, а не каква што сакаат да ни ја скројат, рече Груевски.

,,По оваа криза имаше и некои други работи кои испливаа на површина. Имаше луѓе кои викаа дека СДСМ долго време не била во власт и да видиме како ќе се донесува. Видовме како се однесуваат, бараа шест месеци, добија девет месеци власт. СДСМ доби шанса народот да види како работат, но тие се три класи послаби од нас. Видовме луѓе кои со месеци беа фокусирани кој со каква кола ќе се вози, кој ќе го наполни попрво кабинетот со партиски луѓе, една безидејна екипа, еден куп лажговци, кои денес зборуваат едно, а утре сосема друго”-ги нападна Груевски министрите од СДСМ во техничката влада.

Сите што мислеа дека тие се промениле се уверија дека оваа партија не само што не напредувала, туку во меѓувреме и назадувала-рече тој.

Груевски ја критикуваше и работата на СЈО, а обвинителите ги нарече извршители на СДСМ, кои сакале без докази да го обвинат.

,,Опозицијата е деструктивна и работи против Македонија”-рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ на собирот во спортската сала , каде доминираа партиски знамиња .

Партиските знамиња на ВМРО ДПМНЕ беа поставени во комбинација со државното на бината и пред спортскиот центар.