Груевски по кратка постапка доби политички азил во Унгарија

Иако сѐ уште нема официјална потврда, извесно е дека Никола Груевски стана ВИП азилант во Унгарија.

За позитивното решение на барањето на Груевски известуваат сите медиуми во Унгарија.

Ова беше очекувано со оглед на тоа што Унгарија директно се вмеша во внатрешните односи на Македонија и инкогнито, барем така велат македонските власти, со дипломатско возило на Република Унгарија, го спроведоа Никола Груевски од тука до Унгарија.