Груевски прогласи победа, но не и формирање влада

Груевски рече дека Македонија повторно имала фер и демократски избори, и тоа е успех, продолжи тој. Груевски посебно им се заблагодари на тие што им дале подршка ним. И тој прогласи победа со дваесетина илјади гласови пред СДСМ. Победи ВМРО ДПМНЕ и коалицијата , но и Македонија, ова е десетта победа, благодариме за поддршката -рече Груевски.

Тој рече дека ќе се трудат да ја оправдаат поддршката од граѓаните, а сега следува процес на формирање постизборни коалиции за формирање Влада.

Како и да се случат работите , што и да се случи ВМРО ДПМНЕ секогаш ќе биде со граѓаните и може да сметаат на нашата поддршка-рече Груевски.

За Груевски оваа победа има посебна важност затоа што како што рече, СДСМ не биле единствениот нивен противник.

Тој рече дека тие ја добиле константната поддршка според бројот на гласови, а СДСМ добиле значителна поддршка од албанското гласачко тело.