Груевски се сретна со Бејли

 

,,Само што имав средба со господинот Груевски. Ја ценам можноста да разговараме за изборите и случувањата понатаму. Како што знаете, САД се партнер на оваа земја. Ќе имам слични средби со другите политички лидери кои обезбедија мандати на овие избори“, кусо изјави американскиот амбасадор Џес Бејли по средбата со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за Призма.