Груевски со Проглас објави дека ќе делува како опозиција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва пред толпата собрана пред седиштето на ДИК, објави Проглас со кој практично објави дека ќе делуваат како опозиција и објави дека во иднина нема да соработуваат со амбасадорите во РМ. Прогласот бил изгласан на денешниот состанок на Извршниот комитет на партијата. Во Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ се наведува:

1. ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел вршење влијанија на некои од членовите на ДИК а во правец на постизборен инжинеринг и фалсификување на изборната волја на граѓаните.

Некои од независните претставници на ДИК не се независни. Незаконските одлуки може да ги корегира Управниот суд. Повикуваме да не се врши никаков притисок на Управниот суд од никого. Доколку Управниот суд подлегне на влијание и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и слободно изразената волја на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев  нема да дозоволиме да формира влада со фалсфикување на волјата на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институциите со фалсификувана волја на граѓаните и функционирање на институциите кои го немаат легитимитетот на граѓаните на РМ.

2. Дражавата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат мора да престанат да го прават тоа.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатомошно мешање на амбасадори во внатрешно политички прашања на земјата. Тие треба да останат во рамки на своите мандати и овластувања.

ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци во кои учествуваат абасадори, странски посредници а на кои се преговара или се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот.

3. ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколу истите ги нема во другите земји на ЕУ.

4. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефирање на земјата под било какви услови и околности.

5. Ќе се бориме за десоросоизација на РМ и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на фондациите и невладините по теркот на најнапредните демократити во светот.
ВМРО-ДПМНЕ и историски и во сегашноста и во иднина била и ќе биде прозападно ориентирана партија. Нашата ориентација е членство во НАТО и во ЕУ. Темелна вредност е демократијата. И овој праглас е проглас за заштита на демократијата во РМ.

Груевски додаде дека собирањето на поддржувачите на партијата пред ДИК е крик на совеста на секој Македонец да ја зачува демократијата и слободата.