Груевски со сопругата и партиското раководство уживале во ресторан на Боемска

Креаторите на најкриминалниот проект “Скопје 2014” продолжуваат со негативната и приземна кампања кон општинa Центар. ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста во обид да го покрие изборното фијаско во општина Центар и задоволството на граѓаните од работата на градоначалникот Жерновски. Сепак, благодарение на овие јалови пресови, општината има можност да ги потсети граѓаните за градинките и училиштата кои ВМРО-ДПМНЕ вели дека можеле да се изградат за сметка на Боемска Улица-стои во реакцијата на општина центар по прес конференцијата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ од оваа општина. Тие го обвинија Жерновски декa Боемска улица 2 биле прескапо платена и за неа се дадени 710000 евра место да с епотрошат парите на градинки и училиште.

Од Центар одговараат дека  само за три години, е инвестирано повеќе во образованието и градинките отколку за тринаесет години владеење на ВМРО ДПМНЕ. Изградена е целосно нова градинка, по 42 години, и од темел се реновирани две градинки. Се гради ново основно училиште во Капиштец, по цели 47 години, а реконструкција е направена на речиси сите основни училишта во Општина Центар. Ова е вистината за тоа како се трошат парите на граѓаните и кои се приоритетите на градоначалникот Жерновски. Нека одговори ВМРО-ДПМНЕ колку нивните градоначалници инвестираа во образованието и градинките.

Боемската улица, која е изградена од врвни материјали и на која целосно се реконстриуриани инсталациите и водоводните мрежи, чини колку една опашка од лавовите на мостот Гоце Делчев. Таа чини помалку од завесата во барокниот театар. Власта на ВМРО-ДПМНЕ во Центар потроши 55 милиони евра на споменици потпишани од претходното раководство на општината, а денеска обвинува за реконструкција на улици. За иронијата да биде поголема, веднаш по отварањето на улицата која толку ја критикуваат, Никола Груевски со сопругата и со највисокото раководство ја посети улица и уживаше во еден од рестораните. Со вакво лицемерие и лаги сигурно нема во бликска иднина да ја повратат довербата во центарци, кои катастрофално ги поразија нивните политики-се вели во реакцијата на општина Центар.