Груевски: Судот не го прифати барањето за екстрадиција на криминалната и рекетарска влада во Македонија

Никола Груевски од Будимпешта објави она што веќе е познато, дека барањето за негова ектрадиција е отфрлено од судот. За него владата на Заев е криминална и рекетарска.

,,Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција.

Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“-напиша тој на социјалните мрежи.