Груевски: Цела албанска дијаспора нема да ве спаси по изборите

 

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски од вечерашниот митинг во Кочани го обвини СДСМ  дека последниве денови се  здружиле со некои подземни структури кај албанските радикали и договорале полнење на кутии на изборите на 11-ти декември.

-Исто така дознавам, рече Груевски ,  дека во последните денови размислувале и заговарале и други идеи. Здружувајќи се со некои подземни структури особено кај албанските радикали, кај порадикалните структури на Албанците во Македонија, разговарале за некакво полнење кутии, заедничко, договорено, не знам какво. Сакам да им порачам да не си играат играчки, затоа што после ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет нема да ги спаси од овој народ и од сите граѓани на Македонија. И од македонците, и од Албанците, и од Турците, и од Ромите, и од Бошњаците, и од Власите, и од Србите, и од сите останати, рече Груевски.