Груевски ја потврди изјавата на Заев дека се слушнале за изборниот молк

Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата-напиша на својот ФБ профил Никола Груевски откако Зоран Заев во Битола изјави дека граѓаните не треба да се раскаруваат по нечиј налог, бидејќи тие се во постојана комуникација со Груевски. Така било и за време на изборниот процес и изборниот молк.

,, Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден,,-напиша Груевски.
,,Очигледно, Заев прави максимални напори да ја продолжи политичката криза во Македонија. Согласно изборот на граѓаните на Република Македонија и меѓународната потврда за тоа дека изборите поминаа во најдобар ред и беа фер и демократски, јас во овој период сум фокусиран кон формирање на новата влада со цел реализација на ветената програма за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија“, вели Груевски.