Груевски 40 минути доцнеше, не дозволи да се снима средбата со Хан и нема да даде изјава!

Никола Груевски како и секогаш, и овојпат на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан доцнеше цели 40 минути! Притоа, тој не дозволи ниту да се фотографира или сними средбата, иако сите претходни средби беа регистрирани со камери, а почетокот на средбите неколку минути беа отворени за новинарите. Никола Груевски се разбира, потоа нема да даде изјава.

Никола Груевски на овој начин ја исклучува и игнорира јавноста од чинот на разговор и средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

АКО.мк