Грузиската црква го игнорира Папата

Едвај 3000 верници дојдоа на саботната (01.10) миса што ја одржа Поглаварот на римокатоличката црква Папата Франциск во Тбилиси, главниот град на Грузија. Стадионот беше скоро празен, а на утринската миса присуствуваа само околу три илјади луѓе. Главниот градски стадион може да прифати најмалку 27 000 луѓе, па присутните на мисата изгледаа како мала собрана група луѓе.

papa

Раководството на Грузиска Православна Црква целосно ја игнорираат посетата на папата, а на мисата не дојде ниту еден нејзин претставник или свештеник. Грузиската црква важи за ултраконзервативна и е во тесни релации со Московската Патријаршија, која има затегнати односи со Ватикан.

Повеќевоковниот раскол меѓу православаната и католичката црква трае до денес, иако последните 50 години се прават значителни напори тој да се надмине.

Од програмата објавена на страницата на прес службата на Ватикан се гледа дека папата на 2 ри октомври престојува во Азербејџан каде треба да одржи миса во главниот град Баку, а доцна вечерта се враќа во Рим.

Извор: HINA