Грујичиќ повторно со убедлива предност

И по пребројувањето на гласовите од гласањето на локалните избори во Сребреница, српскиот кандидат за градоначалник Младен Грујичиќ е во убедлива предност пред кандидатот на бошњаците Ќамил Дураковиќ.

На две од три избирачки места, Грујичиќ го има истиот број гласови како и при првото броење,со два гласа разлика, додека Дураковиќ ист број како претходно.

Неофицијалните податоци од Централна изборна комисија говорат дека кандидатот на босанските срби има освоено 3980 гласови, а на партијата на Изетебеговиќ 1742, јавуваат медиумите од РС.

Инаку , по реакцијата на другите партии кои не ги признаваа резултатите од броењето во Општинската изборна комисија во Сребреница, со полиција сите гласачки ливчиња беа пренесени во Сараево и со набљудувачи пак беа пребројани во ЦИК.