Грчките медиуми објавија видео од местото на ликвадиција на двајцата водачи на Шкаљарски клан од Котор, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ.

Грчката јавност е шокирана од бруталната ликвидација пред семејствата на убиените, и пред се’, пред бројните гости во популарниот атински ресторан ,,Воскопула“.

Сведоците раскажувааат за грчките медиуми дека се’ се случило за триесетина секунди, а убијците маскирани влетале во полниот ресторан и ладнокрвно рафално ги убиле двајцата Црногорци кои вечерале со нивните семејства.

Ликвидацијата се случила пред очите на нивните деца, раскажуваат шокираните гости.

Двајцата убиени се со богато криминално досие и припаѓаат на мафијашки клан од Котор.

Еден од нив е најбогатиот човек во Црна Гора.