Грција одлучно ќе ги брани границите од мигранти

По најавата на турскиот претседател дека границите кон Европа се отворени и дека таму се веќе 18.000 мигранти, се огласи грчката влада.

Портпаролот Стелиас Пецас изјави дека Грција е подготвена да направи се’ за да ги заштити своите граници од илегални преминувања на нови мигранти.

Тој објави дека изминатото деноноќие е спречен влез на 4.000 мигранти.

,,Ова сега што се случува нема врска со Идлиб(во Сирија)“-рече Пецас.

Ердоган почна со спроведување на заканите дека ќе испрати неколку милиони бегалци кон Европа, откако загинаа 33 турски војници во воздушните напади на сириско-руските воздушни сили на територија на Сирија каде се кријат бунтовниците.

Во меѓувреме, се води интензивна дипломатска војна за запирање на можниот интернационален воен судир.

Foto> AFP AlJAZEERA