Грција пресилна за Македонија на јуниорското Европско првенство

Женската јуниорска кошркарска репрезентација на Македнија е поразена од Грција  на Европското првенство кое се одржува во Скопје.

Грција славеше  со  48:38, резултатот по четвртини, 14-10, 11-12, 14-9, и  9-7 во последната. За Македонија ова беше трет пораз во низа на шампионатот во Б-двизијата.

Македонија во четвртото коло во вторник ќе се сретне со Австрија 18.45 часот, во  СЦ „Јане Сандански“.