ГЛАС за Македонија, поднесе претставки за обидот за правење на референдумски поткуп од страна на премиерот Зоран Заев на средба со граѓани во Крива Паланка, соопшти претседателката на оваа партија, Солза Грчева.

Претставките се поднесени  до Јавниот Обвинител на РМ, Државна Изборна Комисија (ДИК), Државната Комисија за Спречување на Корупцијата (ДКСК) и Transparency International – Macedonia.

,,Ги повикуваме горе наведените институции да делуваат независно и да покажат дека за нив, сите граѓани се еднакви. Нивното делување во случајот на овој мега скандал, а во пресрет на закажаниот референдум,  будно ќе го следиме“-стои во соопштението.

Премиерот Зоран Заев на средбата со граѓаните на Крива Паланка, сред плоштадот, рече:

Oд СДСМ одговараат дека Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев, остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард.

,,Претседателот Заев и во индина ќе продолжи да биде мотиватор и поддржувач на работниците во борбата за обезбедување подобри работнички права и повисоки плати.

Поддршката од државата за домашните претпријатија претставува значаен поттик за менаџерите и сосптвениците на компаниите континуирано да ги покачуваат платите на работниците.

Единствено работници кои се почитувани, мотивирани и соодветно вреднувани можат да ја креираат економијата и да бидат нејзин двигател. Само така може да се обезбедат достоинствени работни места, пристојни плати и пензии, квалитетен живот и напредна и просперитетна Македонија“-се вели во одговорот на СДСМ на обвинувањата дека Заев јавно заговара поткуп за да излезат работниците да гласаат ЗА на референдумот.