Грчкиот заменик министер за здравство Полакис пуши на прес конференција и на јавни настани

Фотографии од грчки владини функционери како пушат на прес конференции и јавни настани, ја шокираа меѓународната јавност. Грчките медиуми објавија фотографија од зам.инистерот за здравство, Павлос Полакис, кој во тек на прес конференција посветена на здравјето, пуши.

Новинар на Катимерини денеска го праша во Атина комесарот за здравство на ЕУ, Витенс Андриукаутис, да коментира за фотографијата од 2016 година на која е заменик министерот за здравство, Павлос Полакис, на прес-конференција со цигара во рака.

Тој, исто така, беше запрашан да коментира за видео снимките што се емитуваа оваа недела, покажувајќи го Полакис, кој исто така е и хирург, како држејќи цигара, танцува во еден клуб.

,,Тоа е срамно! Срамно е! Овој човек не знае ништо за здравјето “, рече за Катимерини комесарот за здравство на ЕУ, Андриукаитис.

,,Дали некој пуши или не е прашање на слободна волја. Кога се случува во јавен простор, тоа е прекршување на човековите права, бидејќи оние околу него имаат право да дишат чист воздух “, рече тој.

Тој додаде: ,,Денес го посетив грчкото Министерство за здравство и мирисаше на цигари”.

Грција, која има највисока стапка на пушачи во ЕУ, забранува пушење во сите затворени места, како што се болниците, училиштата, аеродромите и автобуските станици, а од рестораните и баровите бара да се определат места за пушење и непушачи.

Запрашан да коментира за забелешките на Андриукаитис, официјален претставник на Министерството за здравство за Ројтерс изјави: ,,Зам. министерот се придржува кон регулативата на ЕУ и на Грција против пушењето”.

Осврнувајќи се на снимките од пушењето и танцувањето на Полакис, официјалното лице рече: ,,Тоа беше приватен момент за министерот, момент на релаксација”.

Во Грција, стапката на пушење цигари изнесува 37 отсто од вкупното население, што е повисока од просекот на ЕУ од 26 отсто, рече Андриукаитис за време на говорот во Атина во понеделникот.

Во јануари минатата година, министерот за здравство Андреас Ксантос ги повика властите да го спроведат законот против пушењето и да започнат строги проверки на јавните места каде што пушењето е дозволено.

Не е првпат грчките министри да бидат фатени како го кршат законот за пушење. Во 2016 година, заменик-министерот за здравство, Павлос Полакис, беше фатен за пушење за време на прес-конференцијата во министерството.

Заменик-министерот за транспорт, Христос Спиртис, исто така беше сликан како пуши на панел дискусија.