Грчките пратеници први го изгласаа ,,Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија”.

08 февруари 2019, 21:03СподелиСподели

Со читање на имињата на сите 300 пратеници и поединечно гласање, беше изгласан нацрт-законот на Министерството за надворешни работи на Грција „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија”. 

Со ист број пратеници, 153, како претходн кога се гласаше Договорот од Преспа, грчкиот Парламент го изгласа и Протоколот за пристапување кон НАТО.

Во текот на целиот ден во Парламентот имаше жестока расправа меѓу власта и опозицијата и меѓусебни обвинувања, но на крајот Грција стана првата земја членка на НАТО која даде одобрение за пристапување на Македонија кон НАТО. Во наредниот период, истото ќе го сторат и останатите 28 земји членки.