Грчкото обвинителство бара доживотен затвор за 7 Срби обвинети за убиство на Закинтос

За убиството на Американецот,  Бакари Хендерсон на Закинтос, грчкото обвинителство бара казна доживотен затвор за седуммина Срби, кои се обвинети за ова дело.

Истрагата утврдила дека момчето починало за 11 секунди, а фатален бил ударот со нога во глава. Исто така е утврдено дека иако тој веќе не давал знаци на живот, српските туристи продолжиле да го удираат со нозе по целото тело.

Тепачката, која подоцна прерасна во убиство се случи минатото лето на грчкиот остров Закинтос пред дискотека.

Мотивите биле банални. Американецот и дофрлил нешто на келнерката, која била другарка на Србите.