Гутереш го повика Трамп да ја преиспита одлуката за укинување на финансирањето на СЗО

Откако американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека донел одлука САД да прекине со финансирање на Светската Здравствена Организација, се јави Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој рече дека ова не е добра одлука и дека сега не е време за тоа.

,,Сега е момент за единство, за соработка на целата меѓународна заедница“ апелираше Гутереш.

Незадоволен од начинот на кој информирала СЗО за пандемијата со КОВИД 19, Трамп нареди Америка да престане да ја финансира, бидејќи според него, не е исполнета основната нејзина должност.

Според американскиот претседател, СЗО промовирала ,,кинески дезинформации“ за коронавирусот, што според него, довело до поголема епидемија.

САД се најголем донатор на СЗО. Минатата година ја финансираше работата на СЗО со повеќе од 400 милиони долари.