Идентификувано е лицето што се удави попладнето во водите на Охридско езеро на Машка плажа крај хотелот Дрим во Струга. Се работи за 22 годишно момче од гостиварското село Градец.
Околу 12.05 часот Е. Б. пријавила во полициската станица во Струга дека, додека се возела на педалинка кај хотел „Инекс-Дрим“ со својот пријател Ј. А., во еден момент тој скокнал во водата, но по неколку обиди, не успеал да исплива на површината.
Од МВР информираат дека спасувач го пронашол момчето кое било пренесено во Медициснкиот центар во Охрид каде лекар констатирал смрт.
Ова не е прв случај на давење годинава во Охридското езеро. Пред неколку дена беше спасен давеник од Скопје, кој беше извлечен од водата во многу тешка здравствена состојба.