Сениорската репрезентација на Македонија против Романија следната недела ќе го одигра последниот натпревар во рамки на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021. Натпреварот со Романија ќе се одигра во спортската сала во градот Плоешти на 21. февруари со почеток во 19:00 часот.

Јорданчо Давитков на списокот го има и Хнедрикс а на кошаркари а првата прозивка е закажана во 10:00 часот наутро во понеделник на 18 февруари.

Македонија на првата средба славеше победа против Романија со 90-76, пораз во Плоешти и со 14 разлика нема да не симне од првото место во групата.

Список на играчи :

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Димитар Караџовски
Марко Симоновски
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Љубомир Младеновски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Ричард Хендрикс