Дали кочанската полиција ги штити потпалувачите на автомобил на опозиционер?

Каде да се обратат граганите за да се заштитат од КОСИЊАТА НА ВМРО ДПМНЕ???
Зошто ова не се објави на ТВ????-прашува на својот ФБ профил Благојчо Ѓорѓиев кој беше кандидатот за пратеник од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во изборната единица број 3 од Кочани. Тој реагира на инцидентот кој во вторникот после полноќ се случи во Кочани, кога на негов зет , на паркинг му беше запалено возилото „ауди А6“.


,,Командире на П.С Кочани Велковски како тоа нема кривична пријава за подметнувачите на пожар ???
Синоќа после полноќ од страна на претсетателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и уште еден член на ДПМНЕ, ЗАПАЛИЛЕ возило на МОЈ ЗЕТ, откако го запалиле неговиот автомобил, се упатиле кон С.Тркање за да запалат неколку куќи на нивни неистомисленици, тие отишле до куќата на на претседателот на СДММ и му ја полиле плевната, колата и влезната врата на куќата со бензин, но за срека излегол сопственикот на куќата и тие не успеале да го запалат планираното и избегале, по што е повикана ПОЛИЦИЈА. Лицата што се ПАЛАЧИ-КОСИЊА се приведени и откако дале исказ во полициска станица се пуштени, тие во полициската станица дале исказ дека имале во план да запалат неколку куки- но сепак се пуштени на слобода бидејки командирот на п.с Горан Велковски тврди дека нема индиции за кривично дело……..,,-вели на својот ФБ профил Ѓорѓиев.

Пред два дена локалните медиуми од Кочани известија за инцидентот, но се уште нема официјална реакција нити од СВР Кочани,  ниту од ВМРО ДПМНЕ, чии членови се обвинети за поднетатиот пожар.

Задниот дел на автомобил “ауди 6“ со кочански регистерски таблички е целосно оштетен како последица на пожар, јави локалната телевизија Канал8 -Кочани пред два дена.

Настанот се случил во вторникот после полноќ, а возилото стоело паркирано пред еден од угостителските објекти кај Градскиот стадион во Кочани. Според неофицијални сознанија, сопственикот на автомобилот, жител на Тркање, заедно со свои пријатели бил во ресторанот и во еден момент бил известен дека е забележан пожар на паркингот.

Веднаш била повикана противпожарната единица, која интервенирала и успеала да го изгасне пламенот. Сепак, со оглед што огнот зафатил поголем дел од пластичните и други лесно запаливи делови на “аудито“, не можело многу да се стори за да се избегне сериозна штета.

Сопственикот на возилото смета дека пожарот е подметнат од страна на негов соселанец со иницијали Т.С. со кого претходно имале расправија. Потврда дека постоела намера за предизвикување штета е што тој забележал дека претходно врз возилото била истурена запалива течност. Истото лице за кое постои сомнение дека го подметнало пожарот, се заканувало дека ќе подметне пожар и во неколку куќи во Тркање, поради што сопствениците реагираат за својата безбедност.

Благојчо Ѓеорѓиев беше редовно на протестите што ги организираше партијата Достоинство на Стојанче Ангелов.

 

АКО.мк ,Бриф,ФБ