,, Знам дека не е традиционално дипломатски. Но, ако морам да стојам на моите раце за да ја промовирам идејата за вклучување и партнерството со луѓето со попреченост, јас сум подготвен повторно да го сторам тоа. На многу места, јас сум подготвен да скокнам заедно заедно со нив , а тие да застат на моите раце …. “-напиша на социјалните мрежи израелскиот амбасадро Дан Орјан, веројатно свесен за изненадувањето од неговата фотографија во јавноста и во дипломатските кругови.

Неговата фотографија како стои на раце , е дел од изложбата на фотографии „Скокаме заедно“ , која е отворена во Skopje City Mall. Изложбата е во соработка со Амбасадата на Државата Израел и Acta Non Verba.

,,Познато е дека гравитацијата влијае на сите, големи или мали, црни или бели, Евреи или Арапи, на сите.Како што оваа природна сила влијае на нас, така и други сили влијаат, поделувајќи нè во категории и ограничувајќи ја секоја личност со граници.Со цел да постигнеме взаемно разбирање, да ги спречиме осудувањата, да ги скршиме неправедните општествени норми и да излеземе од нашата „безбедна комфорт“ зона, треба да вложиме труд. Или, кажано со други зборови, едноставно треба да скокнеме“-се вели во предговорот за оваа изложба.

Таму се поместени невообичаени фотографии кои го симболизираат токму ова.

„Скокаме заедно“ е нова изложба на фотографии која раскажува неконвенцијални приказни.

Дипломат од Министерство за надворешни работи, амбасадор кој носи одело и вратоврска, ултра – ортодоксен Евреин и лица со попреченост, имаат сесии на скокање и необични вежби во дворот на црквата во Абу Гош, во стариот град на Ерусалим, во пејсажите на Израел.

„Скокаме заедно“ е изложба која претставува скок против природата, скок до взаемно разбирање, скок за коегзистенција и скок за подобар свет.

Свои фотографии со вакви скокови имале: Шломи Амсалем, Јордан Полвој, Шломо Гелбер. Амир Ешел, Еран Гил и Јехезкел Еткин.

,,Дан Оријан, израелски амбасадор задолжен за Македонија, директор на одделот за балканските држави во Министерството за надворешни работи, има скокано низ светот со години. Иако веќе има 52 години, сѐ уште треба да одлучи што сака да стане кога ќе порасне. Исто така, напишал книга за деца на таа тема. Оженет е за Шарон и има три деца. Сепак, тоа не го спречува да скокне повторно“.

Ова е дел од биографијата на амбасадорот Орјан кој токму со фотографијата ,,стој на раце“ е дел од изложбата за вклученост на лицата со попреченост.


Веројатно чувствувајќи дека во Македонија голем дел од јавноста не ја разбрала неговата постапка кај претседателот Стево Пендаровски, Амбасадорот Орјан, дообјаснува дека кога зборувал со Пендаровски и разговарале за изложбата, претседателот прашал дали тој навистина може да го направи тоа.


,, Претседателот ме праша дали навистина можам да го сторам тоа … и прашав дали можам да го направам овде во канцеларијата.

Реков зошто да не … Тоа е заради добра причина.

И по објавувањето на официјалниот состанок тој ја сподели и мојата помалку официјална слика, оваа.

Се надевам дека никој не е навреден поради ова“, напиша Орјан.

Тој сподели и фотографија од кафулето ,,Чадор“(Umbrella) во Скопје, и го искажа своето воодушевување од концептот и од вклученоста на луѓето со Даунов синдром во процесот на работа.

АКО.мк