Дачиќ тврди дека во македонското Собрание биле присутни претставници на прекуокеански разузнавачки служби

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека има сознание дека на 27 април во македонското Собрание биле присутни разузнавачи од прекуокенски земји, а не само тој на српската БИА.  Како што рече, не забележал досега дека Македонија ги повикала на разговор амбасадорите на овие земји, како што беше случај со српската амбасадорка.

,,Тој ја извршуваше својата работа. Не може врз основа на медиумски написи да ви пречи српскиот разузнавач,  а да не ви речи присуството на американските, германските и француските разузнавачи “-изјави денеска Дачиќ.

На новинарско прашање каква била улогата на припадникот на БИА во Собрание на РМ, српскиот министер одговори дека за тоа веќе дала одговор амбасадорката во македонското МНР. Додека за наводната  вмешаноста на Мирослав Лазански во пропагандата во корист на Груевски, Дачиќ одговори дека не знае ништо за тоа.

Сепак, српскиот министер за надворешни работи искажа задоволство од третманот на нивната амбасадорка во МНР и потенцираше дека од македонска страна  не се побарани никакви мерки против нивниот разузнавач.

Тој уште еднаш објасни дека офицерот на БИА во Македонија за своето движење и за се  што разговарал на денот на нередите во македонскиот Парламент ги известувал офицерите за врски на македонската Влада и дека имал и состаноци со нив на овие теми.

,,Овде е е интересна една друга работа. Како што пишуваа некои медиуми, на истото место покрај нашиот претставник, биле претставници на други странски служби, но никој нивните мбасадори не ги праша за ова“-изјави Ивица дачиќ денеска во Белград.

АКО.мк