За време на расправата за состојбата во Косово и Метохија во Советот за безбедност на ОН, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, зборувајќи за тоа дека косовските власти постојано продуцираат лаги и ја манипулираат светската јавност, гпрезентираше извод од матична книга на родените во тогашната српска покраина. Тој рече дека и косовската амбасадорка, Вљора Читаку, има ваков, двојазичен, издаден 1980 година за време на СФРЈ.

Изводот на Читаку е исто двојазичен, на албански и на српкси, издаден во Приштина, рече Дачиќ, што значи дека се лага сите нивни тврдења дека немале никакви права во СФРЈ и во Србија.

Сајтот KohaNet објави прилог со наслов ,,Спектакл на Дачиќ во ОН“:

Spektakli i Daçiqit në OKB

Ministri i Jashtëm i Serbisë, Ivica Daçiq ka folur edhe në shqip për të treguar një certifikatë të Serbisë, që sipas tij dëshmon se ambasadorja Vlora Çitaku "ka shtetësi serbe, nga e cila nuk ka hequr dorë kurrë".

Posted by Koha.net on Thursday, October 31, 2019

Ивица Дачиќ ѝ се обрати на Вљора Читаку и ја праша како не ѝ е срам да лаже дека немале никакви права во Србија. Тој дури тврдеше дека Читаку е се’ уште државјанин на Србија и дека не го откажала српското државјанство.

Целиот говор на Дачиќ:

Инаку, Ивица Дачиќ е роден во Призрен, но кога бил мал неговите родители се преселиле во Житораѓа.

Вљора Читаку реагираше на Твитер и ја обвини Србија дека ја украла сета документација од Приштина.

Дачиќ сакаше да ме заплаши, но не успеа, напиша таа.

Извор: Курир.рс, Коха.нет