Да му помогнеме на младиот Влатко Мицковски да ја победи болеста

,,Пријатели и пријателки, оние коишто ме познаваат лично и оние кои не ме познаваат. Се обраќам до сите вас бидејќи ми е потребна вашата помош повеќе од кога било. Последно да е да треба да си помагаме за вакви работи, но кога дошло мора до крај,, – ова е трогателниот апел што го објави младиот Влатко Мицковски на својот ФБ профил барајќи помош.

Влатко Мицковски има 23 години и боледува од тешка болест   бубрежен канцер.

Извршена е операција во јуни 2015 , но  во март оваа година болеста повторно се вратила, за жал со метастази сега и на коските.


За да се контролира оваа болест, Влатко ја прима т.н. таргет терапија (Votrient) во вид на таблети и како што пишува, покажува одлични резултати, односно болеста полека се повлекува.

Но, оваа терапија не е на позитивната листа на ФЗОМ и неговото семејство ја набавува од странство и ги чини  многу скапо. Тие секој месец  плаѓаат по  2100 евра, пари кои неговите најблиски не можат да ги обезбедат.  

Обезбедените  донации од повеќе фирми, биле доволни само за 5 дози кои веќе се потрошени.

Влатко замолува сите  во рамките на сопствените можности да му помогнете .

Број на кој може да донирате 100 ден. од повик:
Корисници на Телеком – 070 143 102
Корисници на One – 075 143 472
Корисници на Vip – 077 143 472

Податоци за трансакциска сметка:
Влатко Мицкоски
210-5016789882-78
НЛБ Тутунска Банка

,,Од се’ срце ви се заблагодаруваме однапред, јас и моето семејство!,,-пишува Влатко.

Да му помогнеме на Влатко!