Двајца браќа во Србија починаа од Ковид 19 на 35 и 26 години

Српските медиуми денеска пишуваат за големата трагедија на семејството Ѓокиќ, која во рок од десетина дена ги изгуби двајцата браѓа Радош(35) и Стефан(26).

Тие во болницата во Чачак починаа од последици на корона вирусот и тоа во период од 10 дена.

На 1 јули починал постариот брат кој имал 35 години, а по Радош само десет дена потоа на 11 јули починал и помалиот брат Стефан.

Како што пишува српски Телеграф, пред да биде примен во болница Стефан им испратил смртовница за постариот брат кој починал од Ковид 19 и на која е запишано дека дополнителна причина за смртта се и дијабетесот и неговата прекумерна тежина.

Стефан објснил дека брат му никогаш нема дијабетес, но дека се жалел на лоша состојба кога бил примен во болницата и на висок шеќер во крвта, дури 30 мерни единици.

Првиот тест на помладиот брат, кој патем неодамна се вратил од Америка каде бил на привремена работа, бил негативен. Дури по инсистирање на работодавачот на починатиот Радош сите што имале контакт со него да се тестираат, откриено е дека не само помладиот брат, туку и таткото и неговата девојка се позитивни на ковид 19.

Сега, во болницата во Чачак остана да се лекува само таткото, кој има тешка клиничка слика.

Влошувањето на состојбата и смртта на двајцата браќа ги збуни и шокираше лекарите, кои велат дека неверојатно брзо двајцата развиле тешко запаление на белите дробови.

По олабавување на мерките за заштита од Ковид 19, во соседна Србија поголем број од заразените се луѓе до 40 годишна возраст кај кои се развива тешка клиничка слика.

Извори: телеграф.рс и еспресо.рс