Обновено:Братучеди од Црна Гора загинаа во Србија, мајката тешко повредена

Во тешка сообраќајна несреќа утрината во близина на Прокупље загинаа двајца братучеди, а мајката на едниот од нив е тешко повредена и е пренесена во болница.

49 годишната Неима Х. е оперирана и пренесена во болница во Крагуевац и се’ уште се наоѓа во критична состојба.


Со возилото ,,Голф“ управувал помладиот од братучедите кој имал 18 години, а животот го загуби неговиот 28 годишен роднина.

Од јачината на ударот во автобусот кој доаѓал од спротивниот правец, возилото е целосно уништено.

Автомобилот на загинатите браќа, фото: блиц.рс

Загинатите се од црногорското место Рожаје.

Младиот возач направил кобна грешка, фото блиц.рс

Радио Телевзија Србија објави видео од местото на несреќата.

Сообраќајката се случила во 6 и 30 на Ибарска магистрала кога имало густа магла, а видливоста била минимална.

Извор: РТС, блиц.рс и други портали