Двајца дедомразовци го извршиле терористичкиот напад во Истанбул

Во вооружениот напад во ноќен клуб во Истанбул во текот на дочекот на Новата година убиени се 39 луѓе, а 69 се ранети. Според последните информации имало двајца напаѓачи облечени како Дедо Мраз.Турските медиуми претходно различно известуваа за тоа дали биле еден или двајца напаѓачи. Полицијата ги прегледува сите снимки од надзорните камери и според последните сознанија најверојатно двајаца пукале во луѓето, од кои барем еден бил облечен како Дедо Мраз.

До нападот дошло 50 минути по полноќ, а од 21 идентификувано тело, 16 се странци.

Снимка од  “Дедо Мраз” во тeкот на нападот:

Од 69 повредени, 4 се во тешка состојба. Нападот се случил во познатиот клуб ,, Реина, , кој се наоѓа во квартот Ортакој.

Внатре биле присутни повеќе од 500 луѓе. Клубот бил обезбедуван од полиција, но наѓачите најверојатно почнале прво да пукаат кон нив, па влегле внатре.

Приватната новинска агенција Доган повикувајќи се на изјави на сведоци, пренесува дека терористите зборувале арапски.

Местото на злосторството после нападот:

Официјална Анкара нападот го карактеризираше како терористички. Тој се случи и покрај големите мерки на безбедност во Истанбул.

Еве како изгледаше популарниот ноќен клуб ,,Реина” пред нападот:

_93195295_98bb38ff-54eb-463a-bbea-e98563cedeeb

АКО.мк актуелно -објективно