Двајца пилоти загина при пад на нивниот авион во близина на Шабац

Потполковник Ненад Чулибрк и капетан Дејан Пандуровиќ загинаа откако се урна нивниот борбен авион ,,Супер Галеб Г-4“ во текот на изведување на редовна обука, соопшти српското Министерство за одбрана.

До несреќата дошло кога пилотот од се уште неразјаснети причини изгубил контрола над леталото и по одреден временски период на ниско летање, што било забележано од жителите што живеат овде, авионот се превртел и паднал, по што се запалил.

Министерот за одбрана Зоран Ѓоѓевиќ нареди итна истрага.