Двајца поранешни градоначалници на Старо Нагоричане потрошиле 3 и пол милиони денари во ресторани

МВР поднесе ривична пријава за несовесно работење во службата за поранешните градоначалници на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ и Милован Стојковски

 Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј. (58) и М.С. (58), двајцата од Куманово, поради постоење на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во служба“, казниво по член 353-в став 3 во врска со став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во периодот од 2009 година до ноември 2017 година, пријавените, кои во различни периоди извршувале функција градоначалник на општина Старо Нагоричане, преку користење на услуги во повеќе угостителски објекти, заради организирање на приватни ручеци и забави, состаноци и прослави со вработени во општината, создавале високи задолжувања на сметка на општина Старо Нагоричане.

Првопријавениот, во периодот од 2010 до 2013 година во два угостителски објекти со свои пријатели искористил угостителски услуги во износ од 2.142.538 денари, од кои еден дел платил. Второпријавениот, иако наследил долг од првопријавениот од 1.303.804 денари од извршени угостителски услуги, продолжил со користење на угостителски услуги и во периодот од 2014 до 2017 година во четири угостителски објекти искористил угостителски услуги во износ од 1.245.939 денари, од кои еден дел платил. Пријавените М.Ј и М.С. на тој начин ја задолжиле општината со вкупен износ од 1.544.192 денари.

Фото:Поранешен градоначалник на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ