Двајца работници на зграда од проектот ,,Белград на вода“ загинаа откако паднаа од 22 кат. Загинатите паднале откако се скршила дрвената конструкција која се полни со бетон, а  на којашто тие стоеле.

Загинатите биле на работни позиции раководител на смена и помошник геометар , а имале 40  и 20 години.

компанијата ,,Штрабаг“ за која работеле како подизведувачи од кооперантска фирма, соопшти дека се работи за несреќен случај и изрази жалење. Тие тврдат дека загинатите имале обука и целосна работна опрема.

 

Од канцеларијата на Заштитникот на граѓаните веднаш започнале истрага како дошло до несреќата и побарале утврдување на фактичката и безбедносната состојба на работниците кои работат на ризични места на кулите кои се градат.