Двајца српски државјани се заразени од корона-вирус на крузер во Јапонија

Двајца од 11 Срби што се наоѓаат на јапонскиот крузер се заразени од корона-вирус, соопшти српското министерство за надворешни работи.

Министерството се’ уште нема информација каде ќе бидат сместени за натамошно лекување.

Заболените српски државјани се дел од екипажот на бродот Dajmond Princes и се на возраст од 29 и 30 години.